
Карл Билд, поранешниот шведски премиер и добар познавач на работите на Балканот, вчера објави порака на „Твитер“:
„Сега е време да почнеме сериозна работа на стратегијата за превенција на конфликти и резолуција за Македонија“.
Ова веќе може да се толкува дека евроокомесарката Федерика Могерини го пронашла најавениот експерт за медијација и олеснување кој Брисел треба да го испрати во Македонија.