Македонскиот олимписки комитет во соработка со Македонската спортско стрелачка федерација (МССФ) во целост, финансиски го обезбеди учеството на нашите најдобри спортисти во спортско стрелаштво кои во периодот 27-30 Мај 2015 година, во Минхен, Германија ќе учествуват на Светско првенство, организирано од страна на Меѓународната спортско стрелачка федерација (ИССФ).
На ова светско првенство ќе учествуват најдобрите светски натпреварувачи-стрелци во сите категории. Меѓу најдобрите стрелци од светот, учество ќе земат и македонските репрезентативци Балабан Нина (воздушна пушка 10м) и Ивановска Ана (воздушна пушка 10м), како и Емилија Пејева (воздушна пушка 10м), кои ќе настапат поединечно и екипно како и Јордан Тасевски (воздушен пиштол). Водач на делегацијата е селекторот Стеван Крстески.
Силно веруваме дека нашите спортисти на ова светско првенство ќе имат бистро око и мирна рака и дека ќе постигнат добри резултати кои ќе ги доближат до настап на ОИ Рио 2016.