
Припадник на СВР Куманово, попладнево по 16 часот, спаси повозрасна жена, која според првичните информации на кумановската полиција, се лизнала и паднала во реката Кумановка во близина на речниот кеј, пренесува МИА.
Полицаецот во униформа скокнал по неа во реката Кумановка. Според првичните информации на кумановската полиција, кај нив случајот го пријавиле минувачи кои забележале дека жената се лизнала и паднала во реката кај мостот пред населбата Перо Чичо.
Биле повикани и екипи на Територијалната противпожарна единица и на Итна помош Куманово. Жената била пренесена во одделнието за хирургија, информираа од Итна помош Куманово.