
Муџахид Џихад Хан, муслимански проповедник кој во неделата настапи на приватна турска телевизија, предизвика вистинска бура од реакции на тамошните друштвени мрежи благодарејќи на тврдењата дека раката на мажите што мастурбираат во задгробниот живот може да забремени.
Тој воедно потенцирал дека раката пред Бога ќе ги бара своите права, а верниците ќе мора да ги издржуваат децата дури и во задгробниот живот.
Неверојатните изјави Хан ги дал одговарајќи на прашање на еден гледач кој му се пожалил дека не може да престане да мастурбира иако е оженет.
– Некои велат дека во тој случај раката во задгробниот живот би можела да остане бремена. Доколку нашиот гледач не е оженет, би го посоветувал да си најде сопруга, но во овој случај не знам што да му кажам – изјавил видно збунетиот Хан.
Со својата изјава Хан предизвикал бурни реакции на социјалните мрежи.
– Има ли во рајот гинеколог за раце и дали таму е дозволен абортус? – гласеле некои од коментарите на социјалните мрежи и форуми.