
Рускиот претставник во НАТО, Александар Грушко смета дека НАТО ја дестабилизира Украина со тоа што ги затвора очите на желбата на Киев да ја реши кризата по воен пат, пренесува Б92.
Тој предупреди дека реториката на Алијансата со која се префрла одговорноста на Русија не е во согласност со вистинската состојба на нештата.
-НАТО продолжува да ја стави Русија во позиција учесник на конфликтот, затоа што е далеку од вистината и има исклучителен потенцијал затоа што му дава на Киев зелено светло за воено решавање на конфликтот, наведува Грушко.
Претходно генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рекол дека НАТО ќе креира осум нови командни и контролни единици на неговите источни граници, за да се засили заштитата од руското влијание.
– Изгледа дека некои држави, од различни причини, уживаат да бидат на борбената линија и бараат постојано внимание и специјална заштита. Уште повеќе, тие држави бараат непријатели на сакаат на тој начин да ги избришат грешките од надворешната политика мистифицирајќи ја заканата од Русија, додава Грушко.