
Пријатно и претежно сончево време не очекува во текот на продолжениот викенд.
Можна е појава на слаб ветер.
Утрата ќе бидат свежи, а деновите топли. Максималната температура во петок од 19°С до 24°С. Сабота потопла. Долж повардарие и овчеполскиот крај максимална од 25°С до 29°С, а низ останатите низински места максимална околу 24°С.
Недела најтопла. Макималната температура во однос на саботната ќе биде во пораст за околу 2°С.
Сите три дена ќе имаат висок УВ индекс, па затоа неопходна е соодветна заштита.