Од понеделник „Градски паркинг“ ќе наплатува до 23 часот

Јавното градско претпријатие Градски паркинг – Скопје од понеделник, 1 јуни започнува со летното работно време.

Работното време на јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ во зоните А, Б, Ц и Д  ќе биде од 7 до 23 часот секој ден од понеделник до сабота, наместо од 7 до 21 часот.

 

Фото: Утрински весник