
Во градинката „Буба Мара“ неодамна се реализираше психолошко-логопедска работилница со деца од две до тригодишна возраст.
Целта на оваа работилница е да се развие свесноста кај децата за говорните органи, да се зајакне логомоториката, да се поттикнат децата да произведуваат гласови и звуци, да го прифатат поимот за себе пред огледало, и да се поттикнат на изразување на своите позитивни емоции.
Низ игри и вежби пред огледало децата правеа движења со органите за говор (јазик, усни, долна вилица), дуваа меурчиња од сапуница, дуваа низ цевче со вода, препознаваа и покажуваа емоции.