
Повеќе од 2.300 луѓе починаа во Индија поради високите температури во земјата.
Најпогодени од горештината се јужните сојузни држави Андра Прадеш и Телангана, каде починаа вкупно 2.261 лица. Најголем број на жртви има во Андра Прадеш – 1.677.
Дождовите за време на викендот ја намалија температурата на воздухот во некои места. Метеоролозите предвидуваат нови врнежи од дожд.