
Чешката тенисерка Луси Шафарова обезбеди пласман во четврт-финалето на грен-слем турнирот Ролан Гарос откако со 2:0 (7:6, 6:4) славеше над една од фаворитките за трофејот, Марија Шарапова.
Руската тенисерка првиот сет го загуби во тајбрејк (7:3), додека во вториот, Чехинката го направи клучниот брејк во последниот гем за 6:4, искористувајќи ја втората меч-топка која ѝ се пружи.
Во четврт-финалето, Шафарова ќе игра против шпанската тенисерка Гарбине Мугуруса Бланко.