Возило опожарено во Битола

Возило „дајхатсу“ вчера било опожарено во Битола.

Причините за пожарот засега се непознати, а возилото е во сопственост на Р.А.(35).

Од МВР информираат дека е извршен увид на местото на настанот, како и дека се преземаат мерки за целосно расчитување и утврдување на причините кои довеле до опожарување на возилото.