
Грчката Влада демантираше дека добила предлог – договор од страна на кредиторите, како и дека премиерот или други владини функционери имале контакти со претставници на договорителите.
Европските лидери и шефот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) синоќа во Берлин одржаа вонреден состанок на кој разговараа за начините како да се избегне банкрот на Грција и се согласија да се интензивираат разговорите за судбината на земјата.
Според извори запознати со содржината на состанокот, целта на средбата била да се состави понуда која Грција може да ја разгледа во наредните денови.
Некои светски медиуми, од кои повеќето германски, денеска јавија дека до Атина е испратен нацрт-договор, кој всушност претставува конечен предлог од страна на кредиторите.