
Канцеларијата на поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ пред неколку денови добила пратка со сомнителен прав, потврди денеска полицијата во Загреб, која се уште го истражува случајот, јавува Хина, а пренесе МИА.
Сомнителната содржина на пратката е испратена е на испитување во Заводот за јавно здравство и се очекуваат резултатите.
Случајот со сомнителната пратка пријавен е во полиција на 28 мај.
Канцеларијата на поранешниот претседател краток период беше затворена за време на земањето на сомнителната материја.