
По неколкугодини играње за Вардар, во иднина некои од ракометарите заминуваат, но клубот не ги заборави нивните настапи.
Сите добија спомен подароци со кои ќе се сеќаваат на времето минато во “црвено-црниот” дрес, на убавите моменти, на сите победи, тагувања, другарувања и пред се освоени пехари.
Судбината ги носи Добривоје Марковиќ, Алексеј Растворцев, Немања Прибак, Михаил Чипурин, Владмир Петриќ и Стефан Терзиќ во друга насока, но секогаш ќе останат во сеќавањата на клубот и навивачите.