Во основното училиште „Васа Пелагиќ“ во Котеж, Србија две вооружени маскирани лица влегле на час во седмо одделение и под закана со оружје го одзеле дневникот.
Драмата се одиграла околу 17 часот, а маскираните лица, како што пишува српски „Блиц“ го впериле пиштотлот кон запрепастените ученици. На професорката со закана со нож и го одзеле дневникот и побегнале.
Од српското МВР го потврдуваат инцидентот и велат дека увидот е во тек.