
Дваесет и осумгодишната Ленка Танер од Словачка, која моментално живее во Нотингам има навистина чудна моќ – оди по вода.
Не станува збор за никаков магионичарски трик, едноставно Ленка се занимава со синхронизирано пливање и тајната во нејзиниот трик е тоа што таа го прави наопаку.
Таа напорно тренирала последните две децении и сега се надева дека со оваа изведба таа ќе може да го промовира овој спорт.
Ленка сега работи со млади лица кои сакаат да тренираат синхронизирано пливање.