
Фред Хојберг во следните пет години ќе биде нов тренер на Чикаго булс.
Раководството на “биковите” одлучи да му врачи отказ на Том Тибодо по елиминацијата во полуфиналето на плеј-офот од Кливленд кавалирс.
Хојберг изминатите четири години го водеше Универзитетот Ајова стејт, а во текот на неговата НБА-кариера четири години играше за Чикаго булс од 1999 до 2003 година.
Денеска тој и официјално ќе биде претставен на прес-конференција. Чикаго ќе се обиде да го ископира моделот на Бостон селтикс кои слично го ангажираа Бред Стивенс од Универзитетот Батлер.