
Дванаесетгодишно момче искрваре до смрт откако се пресече од стаклото на зграда.
Момчето си играло со другарчињата и во еден момент се стрчало кон влезот на зградата. Не забележувајќи ја вратата, удрило со глава во неа и стаклото кое се скршило го пресекло во пределот на вратот.
Екипата на Итната помош која дошла на повик на граѓаните, го пренесла во Клиничкиот центар во Ниш, но набрзо момчето починало поради преголемата количина на изгубена крв.
Трагедијата се случила околу 19 часот, а според првичните информации момчето не живеело во таа зграда.