Околу 58 илјади ученици денеска беа екстерно тестирани

Процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на вкупно 57.891 ученици од четврто одделение во основно образование до трета година средно образование започна денеска во 9:30 часот, информира Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар.

Според информациите до овој момент процесот се одвива непречено.

Процесот на екстерна проверка на постигањата на знаењата на вкупно 183.280 ученици и проверка на објективноста на оценувањето на 17.803 наставници по 7.560 предмети, започна вчера и ќе заврши заклучно со 10 јуни.
Резултатите ќе бидат објавувани етапно, при што, поради претстојните уписи во задолжителното средно образование, предност ќе имаат деветтоодделенците.