Автобус полн со деца останал без кочници

Во последен момент е избегната трагедија кога на автобус полн со дечиња кои се враќале од уилиште во Белград денеска му откажале кочниците.

Возилото излетало од патот, а возачот обидувајќи се да го сопре автобусот, удирал во оградите од куќите. Автобусот потоа стигнал до надолнина долга два километри и со огромна брзина поминал покрај основно училиште.

За среќа никој не е посериозно повреден.