
Центар за ран детски развој во рамки на иницијативата „Првите 5 се најважни на свет“ денеска ќе биде отворен во основното училиште „Реџеп Вока“ во тетовско Шипковица.
Отворањето на центарот е поддржано од Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ), Фондацијата Т-Мобиле за Македонија и Општина Тетово.
Центарот ќе го пуштат во употреба Бертран Демулен, претставник на УНИЦЕФ, и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.
Досега со донација од Фондацијата Т-Мобиле и со поддршка од УНИЦЕФ во неколку општини низ Македонија беа отворени девет центри за ран детски развој.