
Легендарната Јоко Оно, сопругата на Џон Ленон ја шокираше јавноста со својата изјава дека таа и кандидатката за претседател на САД, Хилари Клинтон, имале кратка аферa во 70-тите.
– Се сретнувавме многупати за време на протестите за Виетнамската војна во Њујорк во 70-тите и споделивме исти вредности за сексуалната еднаквост, борбата против авторитарните режими, патријархалноста и доминантноста на мажите во општеството во кое пораснавме, рече Оно, надополнувајќи дека имале кратка љубовна афера кога таа и Ленон живееле во Менхетн, а Хилари студирала на Јеил.
По оваа изјава на Јоко Оно, американските експерти предвидуваат дека ова може да има многу мало влијание врз нејзината претседателска кампања.