
Популарната поп ѕвезда Лејди Гага овие денови престојува во Србија. Но, таа во земјата не е дојдена по „работа“, туку е во посета на нејзиното момче Тејлор Кини, кој во Белград го снима филмот „The Forest“.
Гага и Тејлор секојдневно се слушале преку Скајп, но пејачката не можела да ја поднесе разделеност па решиле да го посети на филмскиот сет во Белград.
Секако, веста не ја пропуштија српските медиуми, кои ја снимија уште при доаѓањето на аеродромот „Никола Тесла“.
Веднаш по слетувањето таа со автомобил се упатила кон хотелот во кој е сместена, а двојката подоцна е видена на вечерно излегување.