
Oдбојкарското и ракометното игралиште на песок на Градска плажа „Парк“, oд денеска ќе почнат да работат
Сите заинтересирани ученици, граѓани, спортски клубови и здруженија на граѓани, можат бесплатно да спортуваат и да се рекреираат на одбојкарското и на ракометното игралиште на песок на Градска плажа „Парк“.
Спортските терени ќе бидат отворени за спорт и рекреација, секој ден од 10 до 24 часот. Терминот за бесплатно користење е со времетраење од еден час.
Користењето на терените на игралиштата може да се закаже на телефоните : 02/ 3297 – 238 и 02/ 3297 – 320 до 16:30 часот секој работен ден или на самото игралиште во наведениот период.