
Рускиот воен авион MiG-29 се урна денеска во јужната руска област Астрахан, а двајцата пилоти се спасиле со катапултирање и не се повредени.
До инцидентот дошто за време на редовен тренинг лет и двајцата пилоти преку радио-врска со контролната кула јавиле дека имаат проблеми со летот, а откако се катапултирале јавиле и дека не се повредени.
Спасувачките екипи брзо стигнале на местото на несреќата, а пилотите со хеликоптер биле префрлени во болница на преглед.
Причината за падот на MiG-29 се` уште не е позната.