
Портпаролот на руското Министерство за одбрана генерал-мајор Игор Конашенков денеска изјави дека во Украина нема редовна руска војска.
– Во Украина нема никакви редовни руски војници, да не зборувам за воени тактички групи, истакна Конашенков.
Изјавата е дадена како одговор на обвинувањата на украинскиот претседател Петро Порошенко дека во Источна Украина се наоѓаат 9.000 руски војници.