
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари средба со специјалниот претставник на Парламентарното собрание на ОБСЕ за Југоисточна Европа, Роберто Батели и специјалниот претставник на Парламентарното собрание на ОБСЕ во Виена, Андреас Нотеле.
На средбата, соопштуваат од Владата, со соговорниците бил констатиран позитивен развој на соработката помеѓу Република Македонија и ОБСЕ. Груевски се заблагодарил и ја поздравил активната улога на ОБСЕ во реализацијата на реформите и мерките кои се насочени кон реализација на стратешките цели.
-Премиерот истакна дека темелна определба на Република Македонија е членството во ЕУ и НАТО, на чија реализација Владата работи на исполнување на активностите и мерките од пристапниот процес. Тој посочи дека Владата ќе продолжи со посветена работа за унапредување на стандардите во секоја општествена сфера и унапредување на можностите за сите граѓани и нивниот стандард. На средбата стана збор и за актуелната политичка состојба во земјата, при што соговорниците истакнаа дека е потребно одговорно однесување, отворен ангажман на субјектите при што се констатира потребата и очекувањата за нејзино брзо надминување. Претставниците на ОБСЕ ги поздравија напорите за решавање на политичката криза, како и дијалогот кој се одвива во тој правец, се вели во соопштението од Владата.
Соговорниците потенцирале дека соработката помеѓу Република Македонија и ОБСЕ ќе продолжи во сите сфери од взаемен интерес и од интерес за граѓаните на земјата