
Министерството за одбрана на Република Македонија утре и задутре во Берово организира неформален форум посветен на прашања поврзани со македонските евроатлантски интеграции меѓу кои и предизвиците за државата во новата гео-политичка реалност.
На форумот ќе се разгледува како и кои се иновативни чекори Македонија може да ги преземе во пресрет на следниот самит на Алијансата и процесот на пристапување кон неа, а ќе бидат разменети експертски мислења и за регионот и позицијата на Македонија во него.
На неформалниот собир, чиј домаќин е министерот за одбрана Зоран Јолевски, ќе учествуваат поранешни министри за одбрана, членови на Парламент и високи претставници на тинк-тенк заедницата во Соединетите Американски Држави.