Иванов на на Самитот на претседатели на процесот Брдо – Бриони

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска – 7 јуни 2015 година, ќе учествува на Самитот на Претседатели на процесот Брдо – Бриони кој се одржува во Будва, Црна Гора.

Предвидено е претседателот Иванов да учествува на работната вечера на земјите членки на „Брдо-Бриони Процесот“, да има обраќање на пленарната сесија на Самитот и да оствари средби со претседатели од регионот.

На состанокот, покрај претседателот Иванов ќе учествува и претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, претседателот на Република Австрија,  Хајнц Фишер, претседателот на Република Хрватска, Колинда Грабар – Китаровиќ, претседателот на Република Словенија, Борут Пахор,  претседателот на Република Србија, Томислав Николиќ, претседателот на Република Албанија Бујар Нишани, претседателот на Република Косово, Атифете Јахјага, и претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина,  Младен Иваниќ.

Проширувањето на Европската унија, инфраструктурните проекти и енергетската безбедност се дел од клучните теми на годинешниот состанок на лидерите на „Брдо-Бриони Процесот“ во Будва.