
На сцената на Театар Комедија вечер од 20 часот ќе се одигра 50-та изведба на претставата „Стјуардеси“ од Марк Камолети, а во режија на Синиша Евтимов.
Текстот на Марк Камолети веќе е влезен во Гинис како еден од најизведуваните драмски текстови во Франција.
Претставата „Стјуардеси“ е втората претстава од реператоарот на Театар Комедија кој ја има доживеано својата 50-та изведба. Првата е „Ах љубов моја“ која својата 50-та изведба ја имаше на втори ноември минатата година.
„Стјуардеси“ премиерно беше изведена на 6 декември 2013 година и од тогаш претставата ја виделе над 16.000 гледачи.
„Стјуардеси“ е најпродаваната претстава во Република Македонија за 2014 година.ј