Белгија нема да учествува во меѓународната мисија против ИД

Белгија ќе го прекине до крајот на јуни учеството во операцијата на меѓународната коалиција против терористите од групата „Исламска држава“, изјави министерот за надворешни работи Дидие Рејндерс, јавува МИА.

Според Рејндерс буџетот на министерството за одбрана на Белгија не е со неограничени можности. Тој истакна дека мисијата „Пустински сокол“ на меѓународната коалиција се очекува да продолжи со години и белгиските војници повторно да се вклучат во борбата против ИД.

Белгија се приклучи на коалицијата минатиот септември, откако испрати во Јордан 120 војници и шест авиони Ф-16 за воздушни напади на цели во Ирак. Според Рејндерс белгиските авиони учествуваат со пет проценти во нападите врз ИД.

Од почетокот на годинава белгиските власти добија голем број закани, поради учеството во меѓународната коалиција. За првите три месеци од мисијата Федералниот буџет на земјата одобрил средства во висина од 23 милиони евра. Белгиската мисија трае 10 месеци, а одлуката за повлекување ќе биде дополнително утврдена