
Со група планинари македонската ракометарка Робертина Мечевска викендов се искачи на “Црн Камен”, највисокиот врв на планината Јабланица.
Македонската ракометарка е вистинска херојска приказна. Таа пред извесно време ја преживеа смртта, откако се фрли од петти спрат од зградата во која живее, а викендов успеа да се искачи на највисокиот врв на планината Јабланица.
Мечевска на својот ФБ профил сподели фотографии од овој момент, а потоа напиша:
-Пред неполни четири месеци не се знаеше дали ќе преживеам, а денеска заедно со мојот брат и група планинари го искачивме Црн Камен, највисокиот врв на Јабланица. Ти благодарам Господе што си секогаш со мене…
Фото: Фејсбук