Британската банка ХСБЦ затвора 25 илјади работни места низ светот

Најголемата европска банка, британската ХСБЦ соопшти денеска дека одлучила да затвори 25 илјади работни места, ширум светот, во обид да ги намали трошоците на своето работење и да го поттикне бизнисот, објави МИА.

Во целиот свет, банката вработува 266 илјади луѓе, па одлуката на нејзнината управа, за скратување на персоналот претставува намалување од речиси десет отсто од вкупнот број вработени.
Со оваа одлука се намалува и бројит на вработените во филијалите на ХСБЦ во Велика Британија.Од сегашните 48 илјади, одлучено е да се отпуштат од работа осум илјади Британци, вклучени како во работата на банката со населението, така и во инвестициониот сектор.
ХСБЦ најави и продавање на нејзиниот бизнис во Турција и во Бразил.
Извршниот директор на банката, Стјуарт Гуливер изјави дека светот е прилично изменет по големата банкарска и финансиака криза, што избувна во есента 2008 година, па дека затоа да се промени и банката, преземајќи чекори за нејзино натамошно трансформирање.
Проценките на банката покажуваат дека со затворањето на 25 илјади работни места, ќе се оствари заштеда од пет милијарди долари и ќе се помогне за зголемување на инвестициите во Азија, а посебно во Кина.
Финансиски експери во лондонски Сити сметаат дека ХСБЦ ја има загубено довербата кај инвеститорите, затоа што таа сега важи за банка која не прави повеќе пари, но тие проценувата дека решението не може да се бара само во грубото скратување на работните места и во намалувањето на персоналот.
Според нивните видувања, за продвижување на оваа банка се потребни и други мерки на менаџерскиот тим за да се врати довербата кон банката.
Информацијата за големото намалување на персоналот, предизвика на берзите во Азија да се зголеми вредниста на нејзините акции за еден отсто, но тие и понатаму се со помала вреднист од девет отсто.
До крајот на оваа година, ХСБЦ ќе соопшти дали седиштетот на банката ќе остане во Лондон, или ќе се пресели во Хонг Конг, како што тоа претходно беше навестено