Ја украла картичката од пријателка и вадела пари од банкомат

Дваесет и шестгодишната Џ.Б. од Делчево доби кривична пријава поради сомнение дека извршила кражба.

Пријавената со цел за себе да прибави противправна имотна корист во март годинава во домот на пријателка во Делчево користејќи згодна прилика од нејзиниот паричник одзела електронска дебитна картичка и од банкомат повлекла 24.000 денари.