
Хрватска објави тендер за големо туристичко одмаралиште во Купари покрај Дубровник.
Ова одморалиште некогаш и припаѓаше на Југословенската народна армија и располага со околу 1.600 легла.
Одмаралиштето било разурзнато на почетокот на војната во ’90-те години од минатиот век.
Проектот е вреден сто милиони евра и предвидува изградба на хотели со четири и пет ѕвезди со 1.500 легла, како и отстранување на четири разурнати хотели.
Досега шест инвеститори поднеле документи, вклучувајќи ги германскиот туристички оператор ТУИ, турскиот Риксос и Титан рил истеит, за кој се тврди дека е поддржан од руски капитал.