
Петнаесет најдобри ученици од сите основни училшта во Општина Аеродром од 14 до 20 јуни годинава ќе престојуваат во Лондон во општината Вандсворт каде што ќе посетуваат настава во училштето Брнтвуд. Проектот денеска беше промовиран од страна на градоначалникот на општина Аеродром Ивица Ковески и амбасадорот на Велика Британија во Македонија Чарлс Герет.
-За време на наставата во училиштето во лондонската општина Вандсворт учениците придружувани од еден одговорен наставник ќе имаат можност да ја посетуваат наставата кај своите врсници и да се запознаат со нивниот воспитно-образовен систем, односно со нивните наставни програми и со начинот на одржување на наставата, истакна Коневски.
Покрај тоа македонските ученици ќе имаат можност да се запознаат одблиску со обичаите, навиките и начинот на живот во Велика Британија. Тие ќе бидат сместени во семејствата на своите соученици.
-Очекуваме дека посетата ќе ја зајакне соработката помеѓу двете општини и ќе овозможи размена на искуства и вредности меѓу учениците и стекнување нови другарчиња, рече градоначалникот.
Коневски нагласи дека на некој начин станува збор за возвратена посета бидејќи неодамна ученици од Вандсворт биле гости во општина Аеродром. Тој истакна дека ваквата практика македонски ученици да заминуваат во Велика Британија ќе прерасне во традиција.
Британскиот амбасадор Чарлс Герет ја поздрави иницијативата и посочи дека училиштето кое што ќе го посетат учениците е одличен пример за разновидност и инклузија, што било потврдено и од страна на УНИЦЕФ.
-Во него има ученици кои доаѓаат од над 20 различни етнички групи, вклучува и ученици со различни посебни потреби. За време на нивниот прстој учениците ќе имаа можност многу да научат од посетувањето на наставата кај своите врсници, да го видат во практика британскиот образовен ситем и како се одвива наставата кај нас, рече Герет.
Трошоците за реализација на овој проект го финансира Општина Аеродром.