Страшна сообраќајка: Загина момче од Скопје

Едно лице почина во сообраќајна несреќа која се случила вчера на расрсницата од улиците „Методија Андонов Ченто“, „Палмиро Тољати“ и „Среќко Пужалка“.

До несреќата дошло кога се судриле возило марка „опел“ управувано од Б.М.(47) од Скопје и мотоцикл, управуван од Еркан Б.(21) од Скопје. Во незгодата Еркан бил повреден и пренесен во Градска општа болница во Скопје, каде им подлегнал на повредите.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.