
Четири лица загинаа кога исламски екстремист, преправен во жена се разнесе со бомба пред една џамија во Саудиска Арабија.
Него наводно го оддалечиле неговите роднини и со тоа спасиле повеќе од илјада лица, жртвувајќи ги своите животи.
Инцидентот се случил во петокот пред шиитската џамија во Дамам во Саудиска Арабија.
Во експлозијата настрадале четири лица, а бројни возила биле запалени.
Исламската држава ја презема одговорноста за нападот наведувајќи дека името на бомбашот е Абу Јандал ел Џизрави.