
Во обид да транзитираат низ Македонија до Србија, мигрантите најдоа ново превозно средство – велосипедот.
Тие за мал велосипед плаќаат по околу 100 евра, за поголем и до 200 евра. За оние кои се дојдени фамилијарно е голем трошок, најмалку 500 евра за велосипед.
Велат дека велосипедите ги купуваат на железничката станица во Демир Капија. Откако нивниот обид да се качат во воз не успеал, се појавиле млади кои им нуделе да им продадат велосипед со кој ќе стигнат до нивната сакана дестинација. Ценкања, убедувања, а најитрите и најсреќните умеат да најдат велосипед и за пониска цена, пишува Република.