Го претепал екс баџанакот и му се заканувал дека ќе го убие

Г.Р.(24) со уште две засега непознати лица вчера во село Кондово прво физички го нападнале Е.Р.(26) инаку негов поранешен баџанак, а потоа со употреба на сила и закана насилно го внеле во возило.

Напаѓачите почнале физички да го малтретираат и да му се закануваат по неговиот живот. По кратко време го оставиле во село Глумово повторно заканувајќи му се по неговиот живот и животот на неговото семејство по што го напуштиле местото на настанот.

По превземени мерки Г.Р. е пронајден и приведен и се работи на утврдување на идентитетот на останатите две лица како и на целосно расчистување на случајот.