Кумановец починал откако му се слошило додека возел

Педесет и петгодишниот Зоран Ј. починал вчера откако му се слошило додека возел на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово.

Додека го возел своето возило најверојатно му се слошило, удрил во жардињера и починал.

Од МВР информираат дека работат на целосно расчистување на случајот.