
Две болници во Сеул, во кои се лекуваат пациенти заразени со МЕРС се ставени во карантин.
Здравствените власти изразија надеж дека поминала кулминацијата на ширење на болеста.
Ова е најголемото ширење на Блискоисточниот респираторен синдром надвор од Саудиска Арабија, каде болеста првично беше регистрирана во 2012. година.
Во Јужна Кореја болеста беше донесена од 68-годишен бизнисмен, кој се вратил од патување од Блискиот Исток.
Од МЕРС во Јужна Кореја за три недели заболеа 126 лица, а 11 починаа.