
Авто-мото сојузот на Македонија за попладне од 16 до 17 часот најавува мал застој во сообраќајот на патниот правец А2 Кичево – Извор, кај месноста Св. Петка, поради работа на пат (минирање).
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по претежно суви коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево, Виница – Берово каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините