Музички перформанс кај паркот на езерата во Аеродром

Kај паркот на езерата во Општина Аеродром во понеделник со  почеток во 19 часот ќе се одржи поетско-музички перформанс на тема „Поетите со љубов за Македонија“.

За време на манифестацијата, која ќе се одржува под отворено небо ќе настапат повеќе поети и музичари, а на самиот крај ќе се пуштат и гулаби на мирот, кои симболизираат сплотеност, љубов и прегратки.

Поетско-музичкиот перформанс го организира поетесата Виолета Сековска, под покровителство на Општина Аеродром.