
Шекил О’Нил во својата емисија “Shaqtin’ a Fool” во текот на целата сезона ги издвојуваше најсмешните потези од НБА-терените.
Сосема очекувано, пред самиот крај на сезонава Шекил направи избор од 30-те најсмешни потези во НБА, во сезоната 2014/2015, рангирање во кое влегоа промашени шутеви, забивања, очајно одиграна одбрана, но и судиски превиди (незабележување на дури девет чекори на еден кошаркар на Кливленд). Самиот крај на емисијата го донесе и “шампионот” за оваа сезона, но без да откриваме кој, погледнете го видеото и уживајте..