
Хакнат компјутерот на германската канцеларка Ангела Меркел, пишуваат германските медиуми.
Скандалот околу хакерскиот напад на компјутерската мрежа на Долниот дом на германскиот парламент избувна во мај, кога претставниците на Бундестагот признаа дека во рок од неколку недели непознати хакери добиле податоци од затворениот систем.
Вкупно 15 компјутери биле пробиени, а од 5 хакерите преземале податоци во износ од 16-20 гигабајти. Неделникот “Шпигел” објави информација дека хакерскиот напад може да бил руски. Според изјавите на некои пратеници и вработените на германските тајни служби, како резултат на нападот, заштитата на компјутерската мрежа на Бундестагот во голема мера била уништена, внатрешниот онлајн систем ќе биде целосно обновен, а работата ќе започне во средината на јули.
“Билд ам Зонтаг” соопшти дека на компјутерот на Меркел, која е во канцеларијата на канцеларот во Бундестагот, прво бил нападнат од хакери кои влегле во системот преку “тројански вирус”. Никој од соработниците на Меркел не сакал да кажат дали биле преземени никакви податоци од нејзиниот компјутер. .