
Белгискиот град Антверпен одлучи улиците и тротоарите да ги збогати со нови патеки, но не за велосипеди, туку за зависниците на мобилни телефони.
Патеките за пешаци со бела боја и со натпис „патека за пишување пораки“ е дизајнирана на неа да се движат сите оние кои гледаат во мобилните телефони и пишуваат пораки додека одат со цел да не пречат на останатите пешаци.
Новите патеки се поставени во соработка со холандската компанија за смартфони „MLab“. Целта е да се спречи кршење на екраните и тастерите кога корисниците на мобилните телефони се судираат со другите пешаци.