
Стефан Илиќ (12), момчето кое исчезна во саботата во Банатска Суботица околу пладне, денеска е пронајден мртов во каналот на реката Караш, јавуваат српските медиуми.
Телото на детето го пронашол локален жител, кој бил на рибарење. Местото каде што пронајден Стефан е на 500 метри од неговата куќа.
Полициски патроли биле на сите влезови во Банатска Суботица, и детално ги проверувале сите возила, а во потрагата се вклучиле и нуркачи кои ја пребарувале реката Караш.
Потрага по момчето имало и во соседните места, сите гранични места биле строго контролирани и воспоставена е и соработка со романската полиција.
Првичната информација е дека детето е киднапирано, а се појавија и снимки кои се претпоставува дека се од киднапирањето.