
Утрово се запали базиликата Сен Донатиен во Нант, западна Франција, пренесува Раша Тудеј.
На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од огнот во базиликата.
Според локалните медиуми, локалните противпожарни служби се обидуваат да го изгаснат огнот, а во моментов сеуште нема информации за тоа дали има повредени и колкава штета е причинета во пожарот.
Пожарот избувнал околу 10. 30 часот и набрзо го зафатил целосно кровот на базиликита.
Инаку базиликата Сен Донатиен е изградена во доцниот 19-ти век и една од двете базилики во Нант.