
Неколку момци од Србија на интересен начин упатија порака до српскиот премиер Александар Вучиќ.
По повод апелот на премиерот да граѓаните на Србија да летуваат во својата земја и со тоа да допринесат за развојот на туризмот, овие момци се огласија од морето и преку песокот напишаа „Вучиќ извини“.
Фотографијата на момците кои се излежуваат на Карибите стана вистински хит на своите друштвени мрежи и тоа поради пораките кои ги упатија кон премиерот на Србија Александар Вучиќ.
„Премиерот пред некој ден рече дека Србите кои ќе летуваат во Србија ќе имаат даночни олеснувања, но јеб**а ние сме на Карибите“, напиша еден од нив.